За компанијата
Еурохандел дооел Кавадарци е фамилијарен бизнис основан во 2007 година, со седиште во Кавадарци, Македонија. Веќе повеќе од 18 години, посветено работиме во областа на снабдување со професионална опрема, материјали и консултации за винарската индустрија. Со текот на времето, инвестиравме во проширување на капацитетите, модернизација на магацините и создавање на услови за брза и ефикасна услуга. Нашиот тим секогаш е тука за стручна поддршка и совети.
Нашата мисија од самиот почеток е јасна: да им обезбедиме на винарите сè што им е потребно за производство на квалитетно вино – од суровини и додатоци, до специјализирана опрема и лабораториски анализи.
Денес, Еурохандел е препознатлив и доверлив партнер на бројни винарии, дестилерии, ресторани, хотели, бензински пумпи, фабрики и производители.
Наши партнери и добавувачи
За своето речиси две децениско постоење, Еурохандел успеа да изгради мрежа на сигурни и квалитетни партнери и добавувачи од целиот свет. Соработуваме со реномирани компании од Европа и пошироко, кои се докажани во областа на енологијата, производството на опрема и суровини за винарство.
Благодарение на овие партнерства, на нашите клиенти секогаш им нудиме иновативни, проверени и висококвалитетни производи, со гаранција за потекло и ефективност. Веруваме дека долгорочната соработка и заемната доверба се клучот за стабилен раст – и затоа внимателно го бираме секој наш добавувач, со фокус на квалитет, сигурност и континуирана поддршка.

















Сопствено производство
Во 2015 година, Еурохандел го направи следниот логичен чекор во својот развој – започна сопствено производство на опрема, со цел да понуди уште поголема флексибилност, квалитет и контрола врз производите што ги нуди.
Денес, нашата производна линија опфаќа широка палета на производи наменети за винарството, пиварството, прехранбената индустрија, угостителството, како и за индивидуални и индустриски потреби:
Резервоари за вино, вода, ракија, мед и хемикалии – изработени по сите стандарди, со различни димензии, опции и финиши.
Ферментатори за пиво и вино – професионални, прилагодени за микро и мали производители, со можност за автоматизација.
Сепаратори за масти и масло за ресторани и индустриски кујни – неопходни за секој објект кој сака да биде во согласност со еколошките регулативи.
Пречистителни станици за отпадни води – иновативно решение за места каде нема канализациска мрежа.
Базени за пливање – по нарачка, со целосна изработка и подготовка за монтажа.
Кади за галванизација – наменети за индустриски процеси каде што се бара висока отпорност и стабилност.
Сè што произведуваме е изработено во нашиот производен капацитет во Кавадарци, со користење на квалитетни материјали и стручна рака. Нашиот тим на технолози, инжењери и мајстори постојано работи на подобрување на производите и имплементирање на нови решенија – затоа кај нас често ќе слушнете:
„Ако не постои – ќе го направиме.“

НАШИ КЛИЕНТИ
























