СЛАД БИСКВИТ
In Stock
Бисквитот е специјален печен слад кој дава изразена арома на печени житарки, тост и лебна кора. Неговиот сув, оревест карактер додава комплексност, длабочина и благa топлина на пивото, без да влијае значително на слаткоста. Идеален е за пива каде што се бара малку „тостирана“ позадина без да се користат потемни сладови.
Не содржи ензими, па се користи во мали проценти, комбиниран со базни сладови како Пилсен или Пејл ејл. Чест избор е во але пива, амбер стилови, бели ејлови и белгиски пива.
Пакување: 1 кг и 25 кг
Потекло: Белгија
Увозник: ЕУРОХАНДЕЛ дооел Кавадарци
Шифра: 1877
За нарачки испратете порака на вибер или смс во која ке содржи: Производи кои сакате да ги порачате, вашето име, телефонски број, град и адреса (доколку сакате до дома).
+389 71324805
+389 70239310
+389 70888338
Испорачуваме по курирската служба КАРГО ЕКСПРЕС.
